МисијаЗошто нова ЛОЗА
„Шчо напраифме и шчо требит да напраиме за однапред?“
Лозарите, односно Младата македонска книжевна дружина преку списанието „Лоза“ го изразија својот стремеж за сопствен јазик, сопствени училишта и пред сѐ за сопствена држава. Денес, по повеќе од 100 години променет е само датумот, а потребата за национален концепт, како и негова имплементација останува иста.
„Нова ЛОЗА“ претставува современо продолжување на таа идеја, преточена во „Македонскиот глас (голос)“. Тоа е списание од национален интерес, поделено во неколку рубрики во кои е сместен македонскиот крик.