
Брајан Митрев
Родољуб, истражувач на македонската историја и љубител на планините и македонските предели.
Верува дека писменоста е оружје, историјата е темел, а националната свест е врската што ги обединува Македонците. Смета дека преку читањето, знаењето и самосвеста се гради иднината, а преку запознавањето на сопствената земја, почитувањето на обичаите и традициите се чува она што нè прави препознатливи. Ги истражува местата каде што чекореле македонските револуционери, каде што се раѓале преданија и каде што народната песна го овековечила духот на Македонија. Верува дека татковината најдобро се брани кога се познава, се разбира и искрено се сака.