Молитва на вечерта
...Ќe ja преболат моиве очи и оваа светла ноќ,
И во изутрината ќе изникнат,
Од млечниот сок на сите рани, Страста
По која и ѕездине, ко моиве очи, патат...
Ќе ja преболат...
И во изутрината ќе изникнат,
Од млечниот сок на сите рани, Страста
По која и ѕездине, ко моиве очи, патат...
Ќе ja преболат...
Туку ноќва Болката во мојава душа ќе прави гоштевка:
Ќе ja запеат сите рани песната на Ужасот
Занесот ке го отфрли превезот
И ќе jа затанцува играта на Виорот.
И Разумот - арената на Поимот и на Визиjата...
Ќе ja запеат сите рани песната на Ужасот
Занесот ке го отфрли превезот
И ќе jа затанцува играта на Виорот.
И Разумот - арената на Поимот и на Визиjата...
О…
Слушни како ѕвонат солзите врз белиот креветски чаршав;
Тој звук, како зимата вода, здрвува сѐ…
Тој звук е можеби умирачко вопијање;
Или пред силниот Напор - јачкање…
Разбери - дека е тој Сѐ…
Слушни како ѕвонат солзите врз белиот креветски чаршав;
Тој звук, како зимата вода, здрвува сѐ…
Тој звук е можеби умирачко вопијање;
Или пред силниот Напор - јачкање…
Разбери - дека е тој Сѐ…
,,Б. Љ.”
