Веб–списание од национален карактер

нова ЛОЗА

Шчо напраифме и шчо требит да напраиме за однапред

Черниче
← Македонски голос (глас)
Македонски голос (глас)

Черниче

Ива Дивковиќ1 октомври 2026 г.
Черниче
На Рајна 𖤓
Забоди знаме,
наречи ja своја.
Забиј уште едно знаме,
направи ја своја.
Додај и неколку флагчиња,
задави ги децата,
задуши ги селаните.
Твоја ли е сега?
Би ти било простено ако поверуваш,
дека ова е најпатриотското село во „Бугарија“.
Но длабоко во срцето,
вгнездени,
во живописното Черниче,
има широко отворени очи,
чисти и духовни,
полни со радост,
ентузијазам.
О, каков карактер!
„Оф, тие Буг...“ –
„Знаеш дека не сакам да кажам лоши работи за нив...“ –
„Мамо, ти секогаш велиш лоши работи за нив.“
Брза насмевка.
Сандански нѐ ѕирка од пенџерот,
нашето сонце до него.
„Македонка си?“
„Македонка сум.“
О’ радост!
О’ весељ!
Нежно прашувам за сквернотијата надвор.
Шеговита, брза промена на темата,
неповрзана приказна за свадба.
Една длабока, заборавена рана,
прекрасен народ
што опстојува
во апсурдна реалност.
Без своите агенти,
асимилацијата не може да успее.
Тие што целат,
да им угодат на своите господари,
и кои си ги запечатија судбините,
како непријатели,
на сопствениот народ.
Продаден градоначалник,
кој има корист
само од крајното страдање
на сопствениот народ.
Забиј знаме,
наречи ја своја,
но пулсот на селаните,
сè уште е,
македонски.