Веб–списание од национален карактер

нова ЛОЗА

Шчо напраифме и шчо требит да напраиме за однапред

,,Крвни и браќа по вера турија ни јарем”
← Македонски голос (глас)
Македонски голос (глас)

,,Крвни и браќа по вера турија ни јарем”

дел 1.

Николај Јаначков15 октомври 2026 г.

Векови наназад, пропагандните машинерии на соседните народи активно дејствуваат на територијата на Македонија и околу неа. Нивната главна и единствена цел е, користејќи лаги и измами, да се уништи македонскиот народ.

Јужниот сосед тоа го правел насилно, користејќи ја својата воена надмоќ и сеејќи страв. Северниот сосед, пак, асимилацијата ја спроведувал на едно повисоко ниво, преплавувајќи го населението со таканаречена „културна“ програма. Денес, тоа го прави преку содржини што постојано се присутни на телевизиите, радијата, во кината и преку забавно-музичките продукции.

Источниот сосед, од друга страна, подмолно и лицемерно се обидува да навлезе во сите организации, истовремено со својата отворена пропаганда длабински ширејќи го сопствениот небулозен наратив.

Западните соседи, пак, многу брзо ја заборавија соработката што ја имал и Петар Чаулев, како и сета помош што ја добиле од нас.

За да бидат работите појасни, ќе ги опфатиме сите пропаганди поединечно.

Ќе започнеме онака како што започнува денот, од истокот. Времето ќе се совпадне и со актуелните случувања поврзани со (демек) коските на Самоил, документарецот снимен во еден од најстарите манастири на овие простори, тројанскиот коњ, коцкарските долгови, синхронизирани напади на поединци, убиството и правдата.

Изминатиов период бевме сведоци на очајните обиди на јужниот и источниот сосед да претстават неидентификувани коски како „моштите на цар Самоил“, со што, на некој начин, би се залечиле раните од предавањето на посмртните останки на великанот Гоце Делчев, чија желба била да почива во главниот град на „слободна“ Македонија. Целиот овој циркус беше само потсетник до каде може да оди човечката лудост. За апсурдноста на ситуацијата, професорот Стојко Стојков дава конкретно појаснување: „Станува збор за коски на неидентификувано аристократско лице, за кое нема директни докази дека било Самоил, нема ниту натпис ниту прстен. Постои само хипотеза со индиректни аргументи: погребен е во црквата подигната од Самоил, возраста одговара на Самоиловата и има трага од сериозно ранување (и Самоил бил ранет, иако не знаеме точно каде, но кој ли аристократ не бил рануван во тоа време), погребаното лице било висок благородник (пронајдени се траги од ткаенина со елементи типични за Византија). Може да е и висок византиски аристократ. ДНК-анализи не се правени.“ За на крајот да се испостави дека коските, наводно, и не наликувале на човечки останки, со што сериозно се наметнува прашањето: дали следниот чекор ќе биде прикажувањето на Самоил како НАДЧОВЕК или како митолошко суштество?!

Вториот случај, кој веднаш се надоврза на овој „театар на апсурдот“, беше објавувањето на документарниот филм за еден од најстарите манастири на овие простори. Во него, одредени „монаси“ („лицем светци, срцем в’лци“) тврдат дека Македонците, всушност, биле со бугарско потекло.

По овој документарец, би поставил неколку клучни прашања:

Зошто и како голем дел од богатата книжевнаархива завршува во трпезарискиот дел на манастирот, одкаде што, започнува големиот пожар што го зафаќаманастирот пред неколку години?

Кој и со каква цел ја полнибиблиотеката со „донирани“ книги по обновувањето наманастирот?

Дали е во согласност со црковните канониодржувањето венчавки и крштевки, како и работењетоугостителски објекти и сместувачки капацитети во рамкитена манастирскиот комплекс, кој би требало да биде место за молитва и духовно оддалечување од земните страсти?

Дали, наместо Светото писмо, како водич се користи делото„Аламут“ од Владимир Бартол, и дали се применуваатметодите за манипулација што ги користи Сејдуна во истотодело?

Дали егзархијата и денес дејствува на овие простори, зад сцената „будејќи“ го населението или, поточно кажано, манипулирајќи со него и наметнувајќи му туѓ наратив?

Колкав дел од средствата што бугарската влада ги издвојуваза пропагандни активности на Балканот во текот на еден владин мандат завршува на сметката на самопрогласениот „старец“?

Бугарскиот тројански коњ денес се манифестирапреку таканаречената „идеолошка поделба“, која служи какооправдување за чистките и ликвидациите на истакнатимакедонски војводи и дејци (Јане Сандански, Ѓорче Петров, Димо Хаџи Димов, Јосиф Даскалов, Петар Чаулев…). Нанивна сметка, истовремено, се оживува и слави споменот накрвниците кои, воедно, биле и нарачатели на тие атентати.

Денес можеби не се извршуваат физички ликвидации, но нападите врз поединци кои работат во интерес и во служба на македонските национални интереси продолжуваат континуирано, само во поинаква форма. Таков пример се нападите од страна на бугарски медиуми и профили на социјалните мрежи, кои координирано вршеа јавно шиканирање на млад Македонец, уредник на „Википедија“. Подлоста на овие структури оди дотаму што испраќале пораки и до службите за човечки ресурси во една американска компанија, со цел да го оцрнат македонскиот државјанин кој живее и работи во САД, изнесувајќи невистинити обвинувања дека тој бил шовинист и дискриминатор.

Ако во минатото пропагандата главно била насочена кон неписменото население, денес таа се насочува кон луѓето со зависности, оние што се соочуваат со финансиски долгови и оние што се огрешиле пред законот.

Потврда за ова, се токму „пробудените“, на кои им било помогнато да ги решат финансиските проблеми, а кои, за возврат, наводно, ја продале душата на ѓаволот.

Пред неколку години, еден „освестен“ граѓанин во изјава за бугарските медиуми, пред бугарската јавност, тврдеше дека се соочува со потешкотии при наоѓањето работа поради својата бугарска „само“свест. Притоа, во тој период, истиот човек бил вработен во државното претпријатие ЈСП, каде што работеле и неговиот татко и брат.

Во тој период, корист од својата бугарска „само“свест извлече и секретарот на „културното“ бугарско друштво од Охрид, кој своите лихварски долгови пред бугарската јавност ги претстави како последица на етничка нетрпеливост, а за возврат, добро ја наплати таа приказна со стан во Софија.

Оваа низа на настани е навистина долга(случајот со министерот кој требаше да одговара за корупција, по бегството добива работа во престижна бугарска болница. Една жена, која никогаш претходно не се декларирала како Бугарка, а била мажена и разведена од Србин, и која, и покрај бројните судски одлуки, одбивала да ги почитува родителските права на својот поранешен сопруг, притоа отворено навредувајќи го македонскиот суд како институција поставена од странски служби во Македонија, одеднаш стана Бугарка и членка на „Радко“, а цела Бугарија застана зад неа, беше претворена во хероина во Бугарија, ѝ беше доделен стан и ѝ беше најдена работа во Бугарија, а потоа и во една европска институција…). На неа непосредно се надоврза и случајот со девојката која усмрти едно лице, а повреди уште едно. Наместо да се извини, достоинствено да ја признае сопствената грешка и да понесе одговорност за прекршувањето на законот, таа одлучи подмолно и недостоинствено да се крие зад двојното државјанство и да се обиде да ја избегне одговорноста.

Пораката до сите овие структури и поединци е јасна: ние не го оспоруваме вашето национално определување, па немојте ни вие да го оспорувате нашето. Немаме омраза кон вас и ви подаваме рака за живот, а не за соживот. Ве почитуваме такви какви што сте и такви какви што сакате да бидете. Направете го и вие истото кон нас. Доколку сте погрешиле, одговорно и достоинствено е да застанете зад сопствените грешки и да ги прифатите последиците од своите постапки, бидејќи од Божјиот суд нема бегање.


Продолжува…