Веб–списание од национален карактер

нова ЛОЗА

Шчо напраифме и шчо требит да напраиме за однапред

Младината за татковината
Македонски голос (глас)
Македонски голос (глас)

Младината за татковината

(Дел 2 - дигитализација, туризам)

Николај Јаначков15 септември 2026 г.

Дигитализацијата како мост помеѓу реалноста и виртуелноста, историјата и сегашноста и секако како можност за стекнување на големо искуство на млаадите студенти.

Во минатото издание говорев за создавање кориснички платформи во државните институции. Во ова издание, пак, ќе говорам за архивирањето и создавањето платформи за туризам, кои би се користеле од страна на државните архиви, музеите и културните установи.

Овие платформи би биле креирани од страна на студентите на државните универзитети, конкретно од факултетите за компјутерски науки, како и од студентите на Филолошкиот и Филозофскиот факултет, под менторство на нивните професори. Со ваквата активност би се дигитализирала целокупната архива на МАНУ, Државниот архив, како и Националната библиотека и целиот нејзин книжевен фонд. На тој начин би се заштитиле самите архивски единици од уништување, што би можело да значи и губење на важни историски докази од клучно значење за нашиот народ и неговото историско наследство.

Изготвувањето туристичка понуда со аудиоводич е редовна практика во поголемите музеи низ Европа и светот. Токму ваквите проекти се соодветни за соработка и вмрежување на млади студенти од најразлични области, во зависност од намената и потребите на самите музеи.

На пример, во Археолошкиот музеј би можела да се реализира соработка меѓу студентите од Филозофскиот факултет, од катедрите за историја и античка историја, кои би го подготвиле самиот материјал, студентите од факултетите за компјутерско инженерство, кои би биле задолжени за изработка на апликацијата и платформата, како и студентите од Факултетот за драмски уметности или од Филолошкиот факултет, кои би го интерпретирале подготвениот материјал за потребите на аудиоводичот.

Ваквиот младински активизам би послужил за креирање туристичка понуда, со која би се зголемил интересот кај странските и домашните посетители. Воедно, самите студенти би се стекнале со поголемо искуство и нови знаења од различни области, со што би го вреднувале повеќе сопственото културно и историско наследство. Наместо да бидат пасивни набљудувачи, тие би се вклучиле активно во креирањето на националната стратегија.


Првиот дел од статијата:

https://novaloza.mk/kolumni/mladinata-za-tatkovinata