Пирински рог
„Тие беа исто како нас млади ...“*
- Никола Вапцаров
- Никола Вапцаров
Со рацете на децата земјата се брани.
Старите одвикнаа да одат боси
и се навикнаа да чекорат на прсти.
Старите одвикнаа да одат боси
и се навикнаа да чекорат на прсти.
Децата ги веат бајраците
украдени од визбите на возрасните,
кои ги закопале наместо да ги изгорат.
украдени од визбите на возрасните,
кои ги закопале наместо да ги изгорат.
Со устата на децата земјата се бунтува.
Возрасните имаат дебела кожа
под ударите на машините за пишување
и иглите за тетовирање —
тие се како окоравени животни,
хипнотизирани од сопственото преживување.
Возрасните имаат дебела кожа
под ударите на машините за пишување
и иглите за тетовирање —
тие се како окоравени животни,
хипнотизирани од сопственото преживување.
Од устата на младенците
вистината си подготви пофалба —
единствените што зборуваат
во векот на слободата на говорот
и нашиот молк.
вистината си подготви пофалба —
единствените што зборуваат
во векот на слободата на говорот
и нашиот молк.
Како ехо на детски чекори
во празните села. Пресушува.
Како крикот на занемените
пирински дијалекти. Оглушува.
во празните села. Пресушува.
Како крикот на занемените
пирински дијалекти. Оглушува.
Побарај ја во детските усти,
незатворени
од шамари и подароци.
Или зад скршените од стискање
против внатрешниот крик
заби на возрасните.
….
незатворени
од шамари и подароци.
Или зад скршените од стискање
против внатрешниот крик
заби на возрасните.
….
Но и децата остареа.
Никој повеќе не оди бос.
Никој повеќе не оди бос.
