Веб–списание од национален карактер

нова ЛОЗА

Шчо напраифме и шчо требит да напраиме за однапред

Кирил Лучески
← Локален производ
Локален производ

Кирил Лучески

Дреен

Савата1 октомври 2026 г.

Спортувањето претставува време вложено во себе, а за секој спорт е неопходна соодветна опрема. Таа можеби не го подобрува директно перформансот, но игра важна улога во секоја спортска дисциплина.

Кирил Лучески е млад човек кој создава сопствен бренд за спортска опрема по нарачка, особено наменета за боречките спортови. Бренд кој полека, но сигурно станува сè попрепознатлив. За неговата приказна и идејата зад брендот, прочитајте во продолжение.


1. Од каде дојде идејата за изработка на спортска опрема токму во Македонија?
• Идејата произлезе од желбата да создадеме квалитетен македонски спортски бренд кој ќе им понуди на професионалните и рекреативните спортисти, производи што ги исполнуваат светските стандарди.

2. Што се крие зад името Дрен?

• Името Дрен е инспирирано од дрвото дрен, кое во македонската традиција е симбол на издржливост, сила и долговечност. Токму тие вредности сакаме да ги пренесеме преку нашиот бренд и нашите производи.

3. Кои македонски спортисти ги носеа премиерните примероци од специјалната колекција на Дрен?
• Премиерните примероци беа тестирани и промовирани од повеќе македонски спортисти и фитнес ентузијасти кои со своите искуства помогнаа во финалното усовршување на колекцијата.

(Силвио Мировски, Сунај Мифтар, Дино Старчевич, Боби Илиевски, Тоше Цветков итн.)

4. Дали може да ни дадете краток опис за дизајнот на таа колекција?
• Колекцијата се карактеризира со модерен и минималистички дизајн, инспириран од спортскиот дух и урбаниот начин на живот. Посебно внимание е посветено на удобноста, функционалноста и квалитетот на материјалите, со цел производите да бидат подеднакво практични и за тренинг и за секојдневно носење.

5. Каде би можеле да се набават вашите спортски производи?

• Во овој момент производите сеуште не се официјално достапни, но за многу скоро би можеле да ги набават преку нашиот инстаграм профил: https://www.instagram.com/dreen.wear?stkn=MXNrcWN4Z3NkazQzYw==

6. Кои се идните планови и дали производите на Дреeн се достапни само на македонскиот пазар?
• Нашата цел е да го прошируваме асортиманот и да воведуваме нови производи кои ќе ги следат потребите на современите спортисти. Покрај присуството на македонскиот пазар, во иднина планираме да се прошириме и во регионот, а подоцна и на светскиот пазар, со што македонскиот бренд Дреeн ќе стане препознатлив и надвор од границите на државата.

7. Која е вашата порака како млад претприемач кој им пркоси на гигантите од областа на спортската опрема со еден нов, македонски бренд?
• Нашата порака е дека не е потребно да бидете најголеми за да создадете квалитетен производ. Потребни се визија, упорност и верба во сопствената идеја. Македонија има потенцијал за успешни приказни и сакаме преку Дреен да покажеме дека и домашен бренд може да се натпреварува со светските компании кога зад него стојат квалитет, посветеност и љубов кон спортот.