Веб–списание од национален карактер

нова ЛОЗА

Шчо напраифме и шчо требит да напраиме за однапред

Бабино
Селскиот буквар
Селскиот буквар

Бабино

Демир Хисар

Савата1 септември 2026 г.

Селото Бабино се наоѓа во општина Демир Хисар, северозападно од самиот град Демир Хисар, во областа Железник. Се работи за ридско село коешто се наоѓа на надморска височина од 750 метри. Низ селото тече Бабинска Река, која е притока на Црна Река.

Во самото село се пронајдени остатоци од доцната антика, а археолошкиот локалитет е именуван „Вртешка“. Подоцнежни информации за селото Бабино може да се видат во османлиските пописни дефтери од 1467/68 година со вкупно 137 жители.

За потеклото на името на селото постојат неколку народни преданија. Едно од нив е за старицата, која, протерана од своите снаи, со години живеела сама во шумите на Илинска планина. Гневна на својата судбина, таа го проколнала женскиот род од својот крај во староста да живее самотнички живот. Според преданието, оттука потекнува и името на селото – Бабино.

Според друга легенда, при освојувањето на територијата, Старите Римјани го истребувале машкото население со цел полесна асимилација. Жените со децата побегнале во планините, каде живееле со децении. Кога се вратиле да го обноват селото, сите веќе биле баби.

Веднаш над селото се наоѓа Павлов рид, а според народното предание, на истиот престојувал Апостол Павле, кој ширејќи го христијанството, прво поминал низ Македонија и тука покрстил неколку жители.

Во селото денес се наоѓа најстарата приватна Библиотека ,,Ал-Би” која брои повеќе од 20.000 различни наслови. И претсавува препознатлив симбол на селото.