Веб–списание од национален карактер

нова ЛОЗА

Шчо напраифме и шчо требит да напраиме за однапред

Бапчор
← Селскиот буквар
Селскиот буквар

Бапчор

(Бапчор - Костурско) Егејска Македонија

Савата1 октомври 2026 г.

Селото Бапчор е позиционирано под самиот врв на Вичо Планина, на околу 20 километри северно од Костур и 25 километри јужно од Лерин.

За потеклото на името Бапчор постојат неколку народни преданија и легенди. Според едно од тие преданија, селото го добива името според персискиот збор „Бабчаир“, кој во превод значи „тешко достапно место“. Ова име се користело во турскиот период, кога турските карвани наидувале на тешко проодно место во близина на селото, поточно во околината на планината Дервено.

Според друго предание, селото било именувано по зборот „бачило“, односно по бачилото кое го поседувал Давид, синот на цар Самуил и дедото на Младен.

Слично е и третото предание, според кое во војската на цар Самуил служел еден млад и храбар војник по име Бапчор, кој потекнувал од безимено село во околината на Вичо Планина. Поради својата лојалност и храброст, цар Самуил многу го засакал војникот, а по посетата на неговото село, го именувал токму по него. Оваа теза се споменува и во романот на Димита Талевски „Самоил Мокри“.

Покрај името, постојат и неколку преданија за настанокот на самото село. Според едно од нив, селото е основано кон крајот на XI и почетокот на XII век од помалите села Ровица, Козјак и Селишча. Спојувањето на овие помали села било предизвикано од византиските напади по падот на Самоиловото Царство. До ден-денес постојат сведоштва за напуштените села, а на нивното место има остатоци од стари градби и гробници.

Во напуштените помали села имало православни цркви посветени на Свети Танас, Свети Димитрија и Свети Архангел. Според овие остатоци, може да се заклучи дека населението било православно христијанско. Според народните преданија, црквата „Свети Ѓорѓи“ била подигната во 1744/45 година и претставувала една од најголемите и најубавите цркви во Костурско. Камбанаријата била изградена многу подоцна, односно дури во 1900 година.

Селото било препознатливо и по мостовите градени на бапчорските реки, а како најпознат се споменува „Долни Мост“, кој бил подигнат од дабов и буков материјал. Исто така, препознатлив бил и „Стојчев Мост“, кој исто така бил изграден од дрвен материјал.

Ова село зад себе има оставено огромно културно богатство. Како едни од најпознатите македонски народни песни што потекнуваат од ова село се токму „Бело лице љубам јас“ и „Огрејала месечина“.

Селото било активно вклучено во неколку востанија против османлиското ропство, како и во Граѓанската војна во Грција, на страната на антифашистичките сили, при што од селото има голем број паднати херои во овие битки.