На 6 ноември 2026 година, во големата сала на „Киноверзум“ и Меѓународниот славјански универзитет „Свети Никола“ во Свети Николе, со почеток од 20 часот ќе се одржи првото јавно предавање на м-р Никола Ристевски на темата „Мистична Македонија – музеј под отворено небо“. Презентацијата на природните ресурси, културното наследство и економскиот потенцијал на Република Македонија, по успешните претставувања во Хрватска, за првпат се прикажува пред пошироката јавност во Република Македонија.
Локација: Меѓународен славјански универзитет – „Киноверзум“ – Свети Николе
Датум и време: 6.11.2026 г. (петок од 20 часот).Билетите се достапни во претпродажба на tix.mk

